Две општини со нови имиња

Предлог измените на Законот на територијална организација кои по предлог на Владата се пред пратениците во Собранието на Република Македонија, а со кои се решаваат односно се прецизираат имињата на повеќе населени места во Македонија и се впишуваат имињата на неколку села кои досега биле пропуштени во законот, наидува на огромен интерес кај пратениците во македонскот Собранието.

Според информации од Собранието поднесени се неколку збирни амандмани со кои се прецизираат имињата или се впишуваат во законот имиња на населени места кои до сега не биле дел од законската рамка.

Најзначаен амандман, односно предлог за промена во текстот на законот, според информации на КУРИР е оној кој се однесува на имињата на две општини. Се работи за името на општина Маврово и Ростуша и името на општина Дебарца. Според предлогот на пратениците овие две општини ќе добијат нови имиња, во согласност со говорната и јазична традиција на жителите на двете општини. Општината Маврово и Ростуша со носење на измените ќе се вика Маврово и Ростуше, а општината Дебарца ќе се вика Дебрца.

Со оваа иницијатива од пратениците и поднесените амандмани истовремено се прави и впишување на сите досега незапишани населени места во Законот за територијална организација, како на пример селата Клуковец, Трстија, Подмоље, Костурник, Чифлик, Виниче, Колонија, Кисела Јабука и неколку други.