Две потешко а две лица полесно повредени во седум сообраќајки во Скопје

Пешак и возач на мотоцикл се потешко повредени во две од вкупно седум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во пет полесно биле повредени две лица.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, како и 18 возачи за некористење на заштитен шлем.

Од сообраќај биле исклучени шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 24 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 29 нерегистрирани возила и четири возила за претовар. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 160 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 64 возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.