Две штитенички избегале од домот „25 Мај“

Две штитенички на домот „25 Мај“ во Скопје избегале во петокот претпладне, а биле пријавени во полиција дури вчера попладне.

Нивното исчезнување во полициската станица „Чаир“ било пријавено вчера во 15 часот од страна на социјален работник, иако девојчињата, на возраст од 10 и 11 години го напуштиле домот во петокот околу 9 часот.

Полицијата трага по штитеничките.