Две скопјанки и битолчанка најбарани проститутки во Црна Гора

Две девојки од Скопје и една од Битола, според црногорската полиција, веќе со години меѓу се најбарани проститутки во Црна Гора од страна на богатите „клиенти“.

Веќе е познато дека во Црна Гора е активна елитна проституција во туристичката сезона кога гостите кои имаат пари и јахти, доаѓаат и бараат услуги од елитни проститутки.

Студентки, фото модели и манекенки од регионот, кои не се занимаваат редовно со таа професија, се најатрактивни за „клиентите“. За таквите услуги плаќаат од 1.000 евра па нагоре за еден ден.

Девојките за повремен туристички секс доаѓаат од регионот, најмногу од Белград, но и другите поголеми градови во Србија, како и од Босна и Македонија. Според црногорската полиција, веќе со години меѓу најбараните се две девојки од Скопје, и една од Битола од кои едната доаѓа повремено во Црна Гора, на повик, како службено патување за сосема поинакви бизнис цели, а потоа си се враќаат во својот град.

Доказ за проституцијата во Црна Гора е и големата полициска акција „Марина“, која беше долго подготвувана и извршена во ноќниот клуб „Сан Ремо“, кој се наоѓа на патот од Будва кон Котор и Тиват.

Под сомнение за организирање проституција, уапсени се макрото Раде Божовиќ (50), менаџерот Милош Влаховиќ (34) и нивниот соработник Марко Јовановиќ (28). Во акцијата се уапсени и неколку девојки и еден клиент.

За време на полициската рација, „Сан Ремо“ бил полн со гости. Во приземјето имало мала сцена на која девојка танцувала стриптиз. Било наредено сите да останат на своите места, а од осомничените биле одземени опрема за видео надзор, пиштоли за кои немало дозвола и 50.000 евра.

Осомничениот Божовиќ, за истото дело бил уапсен и претходно.