Македонија

Две сообраќајќи во Скопје, „пајакот“ кренал 59 возила

Две сообраќајќи во Скопје, „пајакот“ кренал 59 возила

Сообраќајната полиција вчера санкционирала двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, седум возачи кои поминале на црвено светло на семафор, 18 возачи оти го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и пет возачи кои не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 35 непрописно паркирани возила

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле 59 возила.