Две сообраќајки во Скопје за 24 часа

Две сообраќајни несреќи се случиле вчера на подрачје на град Скопје, во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера се отстранети 61 возило, соопштија денеска од СВР – Скопје.

Во делот на превентивните активности претставници од СВР – Скопје денеска ќе одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ.„Рајко Жинзифов“ во Општина Бутел.