Две сообраќајки со такси возила во Штип – едно лице загина

Едно лице загина викендов во Штип, во судир на такси возило и џип кој бил управуван од турски студент. Трагедијата се случила на улица „Партизанска„, во близинана „Македонија пат“. Заради неприлагодена брзина, џипот силно се судрил со такси возилото, при што такситот загинал, а како што беше објавено на  ТВ „Стар“, станува збор за пенизонирано воено лице на возраст од 50 години. Во судирот се повредени уште две лица кои се пренесени во клиничката болница во Штип.

Утрово друго такси возило налета на автобус кој превезувал работници. При судирот со автобусот, две лица се повредени.