Две спортски обложувалници под клуч поради неправилности

Две спортски обложувалници под клуч поради откриени неправилности во работењето. Незаконски игри на среќа откриле вчера полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација и содејство со Управата за јавни приходи.

Две спортски обложувалници под клуч – приредувале незаконски игри на среќа
Две спортски обложувалници под клуч – приредувале незаконски игри на среќа

При спроведување акциска контрола во три спортски обложувалници, една во Тетово и две во Сараќино било утврдено дека две од трите обложувалници опфатени со контролата приредувале игри на среќа спротивно на Законот за игри на среќа, додека третата била затворена.

Две спортски обложувалници под клуч – приредувале незаконски игри на среќа

Констатираните недостатоци во обложувалниците санкционирани се со парична глоба од 1.000 евра и времено затворање во траење од 30 дена.  Покрај тоа, од двете обложувалници одземени се девет видови телевизори, четири компјутери, исто толку монитори, шест печатачи и над 13.000 денари. Акциската контрола е во рамките на континуираните активности на СВР Тетово за спречување и соодветно законско санкционирање на нелегалното функционирање на спортските обложувалниците во Полог, соопштуваат од МВР.

Во мај, јуни и јули годинава на ова подрачје, со заеднички акциски контроли со УЈП, биле опфатени вкупно 20 спортски обложувалници (Tетово-15 и Гостивар-четири), лоцирани на различни места, од кои се одземени 50 телевизори, 40 компјутери, исто толку печатачи и друг вид наменска опрема.