Свет

Мистериозниот живот на британските политичари и новинари Две тајни масонски ложи дејствуваат во британскиот парламент

Две тајни масонски ложи дејствуваат во британскиот парламент

Две тајни масонски ложи, во коишто членуваат околку 80 луѓе, меѓу кои политичари и новинари, дејствуваат во парламентот на Велика Британија, пишува весникот The Guardian,

За присутноста на двете досега непознати масонски заедници во британскиот парламент пишува новинарот Иан Кобејн, кој дошол до сознанијата од член на еднат од овие тајни ложи.

Првата ложа се нарекува New Welcome (Ново Добредојде) и се состои од 30 до 40 лица, исклучиво активни и поранешни парламентарци, соработници на парламентот и полициски службеници кои во минатото служеле во Вестминстерската палата. Истовремено, нејзините припадници коишто традиционално претпочитаат да не ги откриваат имињата, настојуваат да одржуваат одредено отстојание од припадниците на вторната тајна ложа на слободните ѕидари Gallery Lodge (Галериска ложа). Во втората се вклучени 45 новинари акредитирани во парламентот, кои ги покриваат политичките случувања во Обединетото Кралство.

Разликите и неединството меѓу двете ложи се појаснува со тоа што новинарите, според парламентарците, секогаш „остануваат новинари“. А политичарите масони, поради нивната мистериозност, „не би сакале новинарите да ги потслушнуваат нивните разговори“.

Од своја страна, пак, челникот на Обединетата голема ложа на Англија (United Grand Lodge of England – UGLE), најстарата и најголема масонска организација во светот, Дејвид Степс, забележува дека новинарската активност не противречи на членството во масонските ложи.

Авторот на написот нагласува дека правилата не предвидуваат задолжително објавување на припадност на масонските ложи на британските парламентарци и носителите на титулата пер. И иако на членовите на Долниот дом им е дозволено прватно да зборуваат за тоа, досега ниеден парламентарец, како и новинар, не се одлучиле да преземат таков чекор.

Весникот, исто така, потсетува на уште една, позната од претходно, новинарска масонска ложа Alfred Robbins Lodge (Ложата на Алфрд Робинс). Нејзините членови, според The Guardian, сé уште редовно организираат состаноци во Лондон.