Две тешки кражби, од Скопје украдени пиштол, компјутер и медалјон, од Струга златен накит

Во последниве неколку дена се случиле две тешки кражби, од стан во Скопје украдени златен медалјон со сафир, видео камера, компјутер и револвер со куршуми, од Струга вреден златен накит.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи за неколку дена две тешки кражби, едната во Скопје, а другата во Струга.

Од осми до 12 декември, арамија провалил во домот на 67-годишниот Н.Н. на булеварот Илинден во Скопје. Арамијата ја скршил бравата и влегол во станот од каде украл златен медалјон со сафир, видео камера, компјутер и револвер со куршуми, што оштетениот го поседувал со дозвола. Со плен од 3.000 евра арамијата избегал во непознат правец.

Во последниве два дена мета на арамии бил и домот на 38-годишниот С.Ц. на улицата Ристо Крле во Струга. Арамија успеал да влезе преку незаклучена врата и украл златен накит вреден 5.000 евра, по што избегал во непознат правец.

Полицијата работи на расчистување на кражбите и пронаоѓање на сторителите.