Македонија,Крими хроника

Две тешки кражби во скопско: Украдени илјадници евра, накит и телевизор

Две тешки кражби во скопско: Украдени илјадници евра, накит и телевизор

Ноќта помеѓу неделата и понеделникот се случиле две тешки кражби на територијата на Скопје.

Во една ноќ две тешки кражби во Скопје, едната во село Црешево, а другата во стан во Гази Баба, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, ноќта кон понеделникот арамија со погоден клуч ја отворил влезната врата од куќата на 57-годишниот Д.П. во селото Црешево. Откако влегол внатре арамијата успеал да одземе околу 6.000 евра и разновиден накит.
Од станот на 54-годишниот А.Д. лоциран на улицата Петре Ѓорѓиев во скопската населба Гази Баба арамија украл над 5.000 евра, разновиден накит и телевизор. Со богатион плен, крадецот избегал во непознат правец.
Скопската полиција работи на расчистување на двете тешки краби и пронаоѓање на сторителите.