Две тешки кражби во тетовско: Арамиите избегале со илјадници евра

Арамии ги испразнија домовите на двајца тетовци.

Според информациите од полицијата ов Тетово11.000  евра ставени во најлонско ќесе биле украдени ноќеска од куќата на  37-годишниот Х.К. тетовската приградска населба Мала Речица, а од домот на  41-годишниот С .Т.од Камењане, пак, биле одземени 5.000 евра.

Како што информираше Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово, кражбата во Мала Речица била извршена од засега непознати лица во периодот помеѓу 23.30 часот и 2 часот по полноќ. Додека домашните биле во приземјето,  сторителите влегле преку прозорец од соба на катот и од простор помеѓу два ормара одзеле најлонско ќесе во кое, според пријавата на сопственикот, имало околу 11 илјади евра. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите и на оваа кражба.

С.Т.од Камењане, пак, бил оштетен за 5.000 евра  откако засега непознати сторители синоќа извршиле тешка кражба во неговата куќа во селото, додека немало никој дома, информираше Јосифовски.

Сторителите провалиле во куќата во периодот помеѓу 19 и 20 часот така што го скршиле стаклото од влезната врата, протнале рака, ја отвориле вратата и целосно ги пребарале просториите во објектот. Од регали и комоди во двете спални соби одзеле поголема количина накит, златни лири, алки и бижутерија, по што незабележани од никого избегале.