Две тинејџерки од БиХ заминале да војуваат во Сирија

Австриската и турската полиција трагаат по 15-годишната Сабина Селимовиќ и една година постарата Самра Кешиновиќ, австриски државјанки со потекло од БиХ, за кои што, како што се сомнева, заминале да војуваат во Сирија.

Сабина и Самра со родителите живееле во Виена, а во четврток, на десетти април, од виенскиот аеродром заминале во турскиот град Адана, од каде, како што се сомнева, заминале во Сирија.

Родителите на исчезнатите девојчиња, рекле дека Сабина и Самра оставиле писма во кои што потврдиле дека заминале во Сирија за да се борат за исламот.

Едно од девојчињата во писмото кое што е пронајдено во нејзината книга напишала: Отидовме на вистински пат. Одиме да се бориме за исламот. Се гледаме во џенет, таму е убаво, таму е вечниот свет“.

Родителите на Самра откриел дека таа пред неколку дена отворила лажен „фејсбук“ профил под името Сафија ал Гариб.