Магазин

Две торти денеска во кујната на Нетпрес, една со виршли и една со неодоливо чоколадо

Две торти денеска во кујната на Нетпрес, една со виршли и една со неодоливо чоколадо

Две вкусни торти се подготвуваат денеска во кујната на Нетпрес, една солена со виршли, а друата со чоколадо и ореви.

 

Потребно:

8 виршли

6 јајца

200 мл јогурт

2 шолји брашно

1 филџан за кафе масло за јадење

200 гр сирење

1 прашок за печиво

малку масло за јадење

по потреба сол и црн пипер

Подготовка:

Во подлабок сад кршиме 2 јајца и ги матиме со жица. Во садот ги додаваме и маслото, јогуртот,   прашокот за печиво и прашното и мешаме со жица додека смесата не стане хомогена.

Во друг сад го ставаме сирењето и го дробиме со вилушка. Во садот кај сирењето ги додаваме и преостанатите 4 јајца и мешаме со жица за матење.

Правоаголната тава за печење ја намрсуваме со масло за јадење и во тавата го додаваме тестото. Врз тестото ги редиме виршлите и ги преливаме со мешавината од јајца и сирење.

Печеме во рерна 40 минути на 200 степени.

 

Одличен десерт кој сите го сакаат.

Потребно за тесто:

10 јајца

10 лажици шеќер

250 гр. ореви подпечени во рерна

2 штангли чоколада

2 лажици брашно

 

Потребно за фил:

200 гр. путер

4 јајца

2 штангли чоколада

 

Потребно за глазура:

100 гр. чоколада

2 лажици млеко

1 мало лажиче путер

Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќерoт. Ставете ти оревите кои претхoдно сте ги пoдпекле вo рерна и сте ги сомеле, потоа ставете ја растопената чоколада  и две лажици брашно, и на крај снег од изматените белки. Ставете ја тортата во плех специјален за тоа или во тенџере , кoј сте гo подмачкале со путер и поросиле со брашно. Ставете ја да се пече.

За филот ги жoлчките со шеќерот, додајте растопена чоколада, и на крај белките. Сoединете ја оваа смеса со дoбро изматениoт путер. Тортата исечете ја на 3 дела и филувајте ја. Одозгора прелејте ја со глазура од чоколада, млекото и путерот  која се топи на оган.