Две третини од Турците го одобруваат соборувањето на рускиот авион

Две третини од Турците го одобруваат соборувањето на рускиот авион
Две третини од Турците го одобруваат соборувањето на рускиот авион

Јавноста во Турција и изразува голема поддршка на акцијата на турското Воено воздухопловство, при што беше соборен рускиот воен авион Су-24 на 24 ноември, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „МАК даншманлак“.

Според анкетата, 65 проценти од Турците го одобруваат соборувањето на рускиот авион, 18 се изјасниле „против“, а 17 отсто изјавиле дека немаат став за тоа.

Мнозинството испитаници (61 проценти) изјавиле дека Турција ќе има полза од инцидентит, а девет отсто оти Русија ќе има корист од него, а 15 проценти дека двете земји ќе бидат во загуба, покажува анкетата спроведена од 1. до 4. декември, при што се исптани 5.500 луѓе.

На прашањето дали одобруваат евентуална трансгранични операции на турската армија во борбата против Исламска држава, 47 проценти искажале позитивен став, 27 се изјасниле „против“, а 26 отсто биле воздржани.