Две училишта во Чаир добија албански имиња

Две училишта во општина Чаир,  „Јане Сандански” и „Цветан Димов”, со одлука на Министерството за образование и наука, ќе се преименуваат официјално со имињата на албанските херои Јашар Бег Шкупи и Хасан Приштина.

Веста за преименувањето на училиштата на својот ФБ профил ја објави и  градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
„Со Министерството за образование и наука (МОН) неодамна официјално е постигнат консензус за промена на статутот со што се менува и имињата на училишта („Јане Сандански” станува „Јашар-бег во Скопје” и на „Цветан Димов” во „Хасан Приштина “)“, напиша Меџити.

Името на Јашар Бег Шкупи директно асоцира на Призренската лига на Албанците која е одржана на 10 јуни 1878 година,  која ја претставуваше првата воена – политичка организација која за цел го имаше соединувањето на четирите албански вилајети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.