Две возила опожарени во Битола

Пожар избувнал рано изутринава во возило марка „поло“на улица „Димче Лахчански“ во Битола.

Возилото е во сопственост на дваесет и едногодишниот М.Ј. од село Брод, општина Новаци. Од пламените јазли било зафатено и паркирано возило „ауди А4“, во сопственост на педесет и тригодишниот З.М.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на настанот.