Две жени повредени во пожар во куќа во Струга

Две жени биле повредени вчера во опожарена куќа во Струга, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 11 часот во куќата на С.Д. (69) на улицата Боро Шаин.

Пожарот избувнал во една од собите каде била Л.Д.(62), која добила изгореници по целото тело. Во нејзиното извлекување од собата помогнала ќерката  Ф.Д. (31) која била префрлена и задржана на лекување во Медицинскиот центар во Струга.

Жената била префрлена во Медицинскиот центар во Струга. Од таму поради сериозноста на повредите била пренесена во Комплекс Клиники „Мајка Тереза“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Извршен бил увид од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на слуачјот.