Две жртви и 400 повредени во силен земјотрес во Иран

Најмалку две лица згинале и уште 400 се повредени во силниот земјотрес со магнитуда од 5,7 степени по Рихтер кој саботата ноќта ја погодил иранската област Северен Хорасан на границата со Туркменија, објави во неделата агенцијата Isna.

Во земјотресот кој е регистриран во 22,31 часот по локално време во саботата, со епицентар во областа на градот Боџнурд, во покраината Хорасан Шомали, на североистокот од Иран, загинале 57-годишна жена и тинејџерка.

Според Мортеза Салими, шеф на одделот за спасување и помош при иранската организација Црвена полумесечина, неколку десетици лица се задржани во болниците.

Земјотресот погодил три града и 97 села во покраината, од кои 14 села претрпеле уништувања на ниво од 70 отсто. Во најмалку 11 населени места во прекин е снабдувањето со електрична енергија и гас за домаќинствата..

Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,7 степени се наоѓал на 43 километри од североисточниот ирански град Банџур, во близина на иранско-туркменската граница, на длабочина од 12,4 километри, соопшти иранскиот сеизмолошки центар.

Претходниот силен земјотрес во Иран беше забележан во декември 2003 година во Бама, во покраината Керман, на југоистокот од земјата. Тогаш загинаа најмалку 31.000 луѓе, а градот беше речиси целосно разурнат.