Две жртви во сообраќајка на патот Тетово – Јажинце

Две лица ги загубија животите, а уште две се повредени во тешката сообраќајна несреќа којашто во четвртокот рано попладнето околу 16,25 часот се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце на просторот помеѓу селата Одри и Беловиште, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според првичните сознанија, директно се судриле „лада 1500“ со тетовски регистарски таблички управувана од 76-годишниот С.Г. од селото Глоѓи и „опел вектра“, исто така, со тетовски регистарски таблички управуван од 43-годишниот С.Б. од Старо Село.

„Од судирот на двете возила возачот на ‘ладата’ се здобил со повреди од кои починал на самото место, додека неговата сопруга Т.Г. која била сопатничка починала во возилото на Брза помош на пат кон тетовската болница. Возачот на ‘опелот’ и неговиот сопатник и соселанец 24-годишниот Р.С. се здобиле со телесни повреди во судирот и двајцата биле префрлени во тетовската болница. По укажаната помош возачот бил задржан за лекување додека сопатникот бил пуштен на домашно лекување“, појасни Јосифовски.

Во моментот на местото на несреќата се врши увид од јавен обвиунител и екипа на СВР Тетово за утврдување на причините поради кои дошло до сообраќајката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.