Двегодишно дете без знаци на живот донесено во болница во Охрид

Во саботата ноќта голема трагедија се случи во Охрид, кога безживотно тело на детенце е донесено во тамошниот медицински центар, а судската медицина ќе истражува за причината на смртта.

Како што информираа од Министерството за внарешни работи, двегодишно дете без знаци на живот е донесено доцна синоќа околу 23,50 часот во Медицинскиот центар – Охрид.

Од здравствената установа ја известиле локалната полиција, по што по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.