Двегодишно дете почина откако зрно грозје му залетна во душникот

Двегодишно дете почина откако претходно се задуши од зрно грозје. Синоќа престана да чука срцето на двегодишниот Џејкоб Џенкинс од Велика Британија.

Неговите родители Абигејл Вилсон и Дејвид Џенкинс одобриле детето да биде исклучено од апарати по петдневната борба за живот.

Малиот Џејкоб со родителите
Малиот Џејкоб со родителите

Џејкоб ги доби своите ангелски крилја во 19.00 часот. Го избравме ова време за целиот свет да може да мисли на него, изјави мајката на детето.

Неговото срце престана да чука цели 30 минути во градот Хартлпул, а било вратено во живот на пат кон болницата. Но, откако беше сместен во болницата и беше во индуцирана кома, тој никогаш не се опорави.

Џејкоб се задуши во ресторан откако зрно грозје му залетнало во душникот. Екипите на брзата помош во ресторанот се обиделе да го извадат зрното, а неговиот татко отишол да повика помош во кино-салата што се наоѓала во близина.

Екипите на првата помош исто така се обиделе да му помогнат на детето. Според изјавата на мајката срцето на детето престанало да работи околу 30 минути пред екипите на првата помош да стигнат и да го пренесат во болница.