Двесте деца хоспитализирани во Њу Делхи поради истекување на глас

Најмалку двесте ученички од државно училиште за девојчиња во индиската престолнина Њу Дели се однесени во болница во саботата по истекување хемикалии од блиските контејнери поред нивното училиште, соопшти полицијата.

„Децата се жалеа на иритација на очите и грлата, и беа веднаш евакуирани и однесени во трите блиски болници. Повеќе од половината се отпуштени дома по прегледите и нивната здравствена состојба е добра“, изјавил началникот на локалната полиција Ромил Баанија, пренесува агенцијата DPA.

Противпожарната служба примила повик за истекување на гас од контејнер во Тугхалкабад, на југот од индиската престолнина.

„Веднаш испративме служби на местото на настанот. Сите деца и персоналот од околината на училиштето за девојчиња се евакуирани“, рекле од противпожарната служба на Њу Делхи.

Потпретседателот на индиската влада задолжен за образование наредил спроведување истрага. Веднаш е поднесена кривична пријава против компанијата којашто оперирала со контејнерот за гас за домаќинства.