Македонија

Двете лица на Зоран Заев – на кое да му веруваме?

Двете лица на Зоран Заев – на кое да му веруваме?

Како што истрагата излегува со нови докази, така Заев се повеќе ја признава својата вмешаност во мега скандалот со прислушувањето, објави Прес24.

На 29 јануари, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов излезе на прес конфернеција на Бихаќка и рече дека раководството на СДСМ нема блиски контакти со Зоран Верушевски.

29.01.2015 – Изјава на Петре Шилегов

Во одбрана на оваа теза на Шилегов излегоа медиумите платени од СОРОС. Весникот Фокус на 1 февруари пишува дека Верушевски бил соработник на Црвенковски а дека со Заев не се познавал.

ffokusssssssssssss

01.02.2015 текст во весникот „Фокус“

Само 9 дена требаа да се покаже дека оваа изјава на Петре Шилегов била класична лага, а јавноста уште еднаш да се увери дека соросовите медиуми повторно му послужија на СДСМ за да манипулира со граѓаните.

На 6 февруари, јавноста го виде писмото кое Заев му го испратил на Верушевски. Во него, јасно стои дека е пишувано на 20 јануари, 9 дена пред изјавата на Шилегов дека Заев не го познава Верушевски. Во писмото јасно се гледа да Заев и Верушевски имале многу блиски контакти па дури и договарале работа „со пријателите од надвор“

06.02.2015 – објавено писмото од Заев до Верушевски

5 дена подоцна, на 11 февруари, Заев конечно призна дека Шилегов лажел. Во интервју на 24 вести потврди дека се познавал со Верушевски и дека лично му го напишал писмото како и дека со странски амбасадори и премиери сакал да му извади виза за да побегне во странство.

11.02.2015 – интервју на Зоран Заев за 24 Вести

Во меѓувреме во јавноста излегоа нови докази за вмешаноста на семејството Верушевски и Заев во скандалот со прислушувањето. Јавноста ги виде шифрираните пораки кои синот на Верушевски и ги праќал на својата мајка. Заев вчера во интервју за Телма ја призна автентичноста но отиде и чекор подалеку. Ако на почетокот на јануари, лидерот на опозицијата и неговите функционери тврдеа дека немаат никакви контакти со Верушевски, Заев сега потврди дека не само што го познавал екс директорот на ДБК, туку на неговиот син му купил и компјутер, а ветил дека ќе им купи и автомобил.

03.03.2015 Интервју на Зоран Заев за ТВ Телма

Прашан, каква корист имал до Зоран Верушевски, Заев рече дека го користел неговото стручно знаење во областа на разузнавањето при обработката на материјалите.

Сепак, доколку се анализираат пораките кои меѓу себе си ги праќале членовите на семејството Верушевски, повторно вистинитоста на изјавите на Заев се доведува во прашање.

poraka1

„Татко ми е супер и го порача следново. Јас да го почнам бизнисот со Зајко и бомбата нека грми. Пренеси му ги чекорите да си ги тера по планот без пазарење со никого и без двоумење“ – стои во пораката која младиот Верушевски и ја испраќа на својата мајка.

Ако се има предвид дека Заев рече дека Зоран Верушевски го користел како стучен во областа од разузнавањето, се поставува прашањето, каква стручност имал неговиот син и каков бизнис требало да почнат заедно.