среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Двете жени кои го одбележаа животот на Дејвид Боуви

dejvid

Последни вести

Музичката легенда Дејвид Боуви зад себе имаше два брака, прввиот со Ангела Барнет и вториот со супермоделот Иман Абдулмахид.

Првиот пат, Боуви се венчал со Барнет во 1969 година и со неа го има синот Зоуви, роден на 30 мај 1971 година. неговото цело име е Данкан Зоуви Хејвуд Џонс, а познат е и како Џо или Џои. Според тврдењата на Дејвид Боуви, Ангела се однесувала како маж и тоа не му се допаѓало. Наводно, имала лош вкус за мода, а нејзините груби кршења на законот се припишувале на влијанието на неговата рана кариера и светска слава. Се развеле во Швајцарија, на 8 февруари 1980 година, откако осум години живееле разделено.

Четири години пред разводот, дејвид за Плејбој изјави: Вистина е, јас сум бисексуалец и не можам да го демантирам изворот од кого потекнала информацијата. Сметам дека е тоа најдобрата работа која ми се случила во животот.

dejvid1

Дванаесет години по разводот, во 1992 година, Дејвид се ожени по втор пат. Ја избра Иман  Абдулмахид, супермодела, која тогаш жареше и палеше по светските модни писти. Осум години по венчавката, Иман и дејвид ја добија ќерката Александра Захра Џонс. нагалено ја викаат Лекси. Со нив живееше и ќерката на Иман од првиот брак Зулека. Повремено живееле на Менхетен, а повремено во Лондон. Во брак беа 24 години, што е вистинска реткост во светот на познатите.

Пред Иман, Дејвид Боуви имал бројни авантури, кои не успеале да станат успешни врски, меѓу кои со Бјанка Џегер, Елизабет Тејлор, Тина Тарнер, Мелиса Харли и многу други жени.

Најчитани вести