Македонија

Движењето за Илирида има предлог за името на Македонија како федарална држава

Движењето за Илирида има предлог за името на Македонија како федарална држава

Движењето за Илирида, политичко движење во моментов уште малку познато во Македонија излезе со предлог за новото име на Македонија, објави албанската новинска агенција INA.

„Бараме од релевантните меѓународни фактори, кои имаат мандат од ООН за да го решат спорот за преименување на името Р. Македонија. Новото име да рефлектира со реалната територијална компактност: Балканска Федеративна Република“, се вели во соопштението испратено до медиумите.

Според овој предлог, со овој план ќе има две федерални единици: Република Македонија и Република Илирида.

„Со овој чин на преименување ќе се избалансираат двата составни етнитети на оваа нова држава, ќе се изгаснат внатрешните поларизации и конечно да започне посакуваниот економски развој за цела земја, со нормален животен стандард за достоинствен живот. Веруваме дека овој предлог ќе биде поддржан од сите граѓани на на Република Македонија. Еднаш за секогаш да се стабилизира Балканот, од хегемониските аспирации“, велат од Движењето за Илирида.