Движењето за Илирида предупредува: Одземањето на надлежностите на градоначлниците го отвора патот за федерализацијата

Новопојавената политичка структура на Албанците во Македонија, Движењето за Илирида, во саботата повторно излезе со соопштение осудувајќи го одземањето на надлежностите на неколку општини во сферата на образованието од страна на Министерството за образование, повикувајќи дека по овој потег мнозинските албански општини треба да се откажат и да се свртат кон федерализацијата.

„Унитарната власт, постепено се претвара во тоталитарна власт, тоталитарна власт каква што не прифаќа демократскиот свет, кога се знае дека инвестираше меѓународниот фактор, за на крај и Република Македонија да се канализира во демократските текови на европската фамилија. Со актот на навлегувањето на владата во одземањето на овластувањата на локалната власт, во општина Гостивар, Желино, како и готовност за Липково, Боговиње, и Конче. Со овие еднострани одлуки се прави флагрантно газење на гласот и волјата на граѓаните. За вакви работи не треба да се носат драконски одлуки. Каде беше централната власт кога беше ограбено колективното богатство на плаќачите на данок и товарање со странски кредити. Селективноста ја иритира волјата на граѓаните и ја намалува довербата кон државата. Избраниците од преставниците на политичките партии, ја осетија на своја кожа неправдата од централната власт, за разлика од граѓаните“, се вели во соопштението кое го пренесува агенцијата INA.

Како што натаму додаваат од Движењето за Илирда, ова се аргументи за корпусот на албанските политички партии да го напушти унитаризмот, и да се сврти кон целосна децентрализација, или кон федерализација“.

„Тоа се постулати кои ја задоволуваат демократијата, во спроведувањето на рамноправните демократски законски норми, во местата со два исти ентитета според демографскиот состав“, се вели во соопштението на Движење за Илирида.

Министерството за образование и наука во средата му ги одзема ингеренциите на градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците, за именување и разрешување на директори во основните и средните училишта на територијата на општината обвинувајќи дека не била почитувана законската процедура. Слични постапки еа најавени и за споменатите општини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.