„Движење за Заедничка Визија”: На Меџити му пречат сите кои не мислат исто како него!

Од невладината организација „Движење за Заедничка Визија”, реагираат на игнорантскиот однос на градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, кон проблемите на младите и особено кон опструкциите со кои се  соочува младинскиот активизам за поддршка на мултикултивизмот во нашето општество.

Меџити во вторникот беше гостин на дебата во врска со студенстки проблеми, а во  која учествуваа десетина невладини организаци. Студентите, меѓу другото, побара одговор од градоначалникот, зошто и кој го  демолирал објектот на клубот „Елита“, кој служи за младински активности? Во своето бразложение, Меџити кратко посочил дека за него не е дозволив политички активности,  и воедно упатил јавен повик кој е за политички активности, да се приклучи во редовите на неговата политичка партија. По низа негативни коментари од присутните, оосбено од претставниците на невладината „Движење за заедничка визија“ Меџити вознемирено си заминал.

„Политички апел праќа и кога е со невладини организации за да ги политизира, се гледа дека има страв од студентите кои не мислат како него. Ние како невладина побаравме од него еден автобус, заеднички Македонци да некои историски монументи во Косово, со цел да произведуваме мулти-етницитет, но  тој не ни излезе во пресрет, а има  финансии за да пушти по 20 автобузи за политички кампањи. Видеото од дебатата е цензурирано, и изгледа дека секој кој не мисли како него во Чаир му пречи на господинов! Ние не сме младина која трча по политички кариериеристи, ниту од тие кој што боледуват за слава, ние младите не сме тука за да им го правиме ќејфот на некои политичари. Се’ што имаме им го кажуваме во очи, не ви се плашиме и ниту сме се плашиле некогаш. Ние не правиме политика за интерес или атер, ние нема да се штедиме туку напротив ке бидеме активни со контра ефект против злото во ова опшество. Да живееат младите кои се разбудија од спиење, затоа што ловот само што започна!”, велат од невладина „Движење за Заедничка Визија”.

medziti