Дводневен мултикултурен фестивал во Старата скопска чаршија

Дводневен мултикултурен фестивал во Старата скопска чаршија
Дводневен мултикултурен фестивал во Старата скопска чаршија

Во Старата скопска чаршија, утре почнува интернационалениот мултикултурен фестивал „Звуците на чаршијата“, кој годинава се одржува по девети пат.

Улиците во Старата чаршија на 22 и на  23 септември ќе ги пречекаат сите посетители и ќе им понудат концерти од сите жанрови, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија, перформанси и презентација на  стари занаети. Градот Скопје и Културно информативниот центар – Скопје се покровители и организатори на „Звуците на чаршијата“, а во реализацијата на манифестацијата е и Општина Чаир. За реализација на оваа манифестација „Звуците на Чаршијата“, Градот годинава од Буџетот издвои 700.000, 00 денари. Иницијативата за заживување на недоволно посетените простори на Скопје беше успешна и придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија, нејзиното светлување со канделабри и опремувањето на неколку дуќани за промоција и продажба на производи од старите традиционални занаети. Ги повикувам граѓаните на Скопје за дојдат и да го посетат овој фестивал кој нуди богата програма за сите вкусови, истакна градоначалникот Трајановски.

Директорката на Културно информативниот центар-Скопје,  Сермине Пурини, посочи дека  Фестивалот,  кој е  дестинација на квалитетна забава и ги почитува обичаите и духот на Старата скопска чаршија, е првиот чекор што Град Скопје го направи во 2006 година, како иницијатива за заживување на Старата скопска чаршија.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, рече дека ваквите манифестации, изменетото работно време и забраната за движење на возила по улиците на Чаршијата придонесоа таа да стане најфереквентното место во градот во кое доаѓаат да се забавуваат  граѓани од сите националности.

FINAL FLAYERI  MAQEDONISHT      SE BASHKU.cdr

ПРОГРАМА ЗА ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА   2015

22 септември,  2015

ПЛОШТАД „ФИЛИП  ВТОРИ“

Програма:

21:00 Концерт

Слаткаристика

Шпенд Латифи

ДЈ

 

23 септември, 2015

Програма:

ПЛАТОТО ПРЕД ШТУЛОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ – СКОПЈЕ

12:00 – 12:30 Акуа Денс

13:00 – 14:00 Ансамбл на староградски македонски песни и ора „Серенада“ – Виница

 

ПЛОШТАД „СКЕНДЕРБЕГ“

13:30 Ликовна колонија

14:00 – 16:00  Група инструментисти

Куартет ОДА

Дует, виолина и виола

Виолина и балерина

Синт и вокал

Други инструменти: чело, гитара, кларинет, флејта

 

МУРАТ ПАШИНА ЏАМИЈА

14:00 – 15:00  АКВ „Емин Дураку“

КГСД „Јени Јол“

КУД „Никола Јонче Вапцаров“

КУД „Лилјани“

 

 ЧАРШИСКА  КНИЖАРНИЦА

18:00 – 19:00  Книжевна вечер

 

21:00  – 24:00  КУРШУМЛИ АН

 

Шкурте Фејза со Бенд

Адриан Гаџа, Флоријан, Линдон

Ледри & Ера Истрефи