Македонија

Дводневен натпревар во бизнис студија на случај

Дводневен натпревар во бизнис студија на случај

Во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската школа за менаџмент денеска во Скопје почнува дводневен натпревар во бизнис студија на случај 2015.

Натпреварот во бизнис студија на случај има за цел промовирање на бизнис образованието и конкурентноста на компаниите, а е од огромна важност за секоја компанија која има за цел да остане на врвот на бизнисот и цели кон постојано унапредување на сопствените вработени и менаџери да се едуцираат и стекнат нови вештини и знаења да се развијат во препознатливи бизнис лидери.

Овој натпревар се организира трета година по ред, а годинава учесници се шестчлени тимови кои ги претставуваат компаниите ОНЕ, Кроација осигурување, НЛБ Тутунска банка, Адриатик група, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Натпреварот се состои од бизнис случај кој се анализра и потоа се прави презентација на предлог решение. Бизнис случајот е избран од страна на комисија која одлучува и за победник на натпреварот. Натпреварот за бизнис студија на случај секогаш се занимава со реални компании и со реални проблеми или предизвици.

Целта на натпреварот е зајакнување тимскиот дух во самите компании, поттикнување на нивната иновативност, како и да им се помогне на вработените да изнајдат сопствени креативни и иновативни решенија за актуелните бизнис предизвици.

Ментор на целата оваа активност е професорот и декан за образование на  Менаџмент институот Jack Welch од универзитетот Strayer, Дани Спиро, од кого тимовите ќе имаат можност да добијат корисни совети и препораки при анализирањето и решавањето на бизнис случајот.

Тимовите имаат време од 24 часа да се подготват за презентација и креативно решение за дадениот проблем. Исто така, имаат шанса за пробна презентација и со повратни информации и совети од членовите на комисијата се дозволени уште неколку часа за финална презентација пред да се прогласи победникот.

Наградата за победничкиот тим е учество на еден од изборните МБА курсеви во ИЕДЦ-Блед школа за менаџмент. Победниците ќе ги измерат силите против победничките тимови од другите држави во Глобалниот натпревар на ИЕДЦ за студии на случај (Хрватска, земјата во која пред шест години се роди целата идеја, Словенија, Србија, Молдавија, Бугарија и Романија). Тимот кој ќе победи на својата земја, исто така, добива право да се квалификуваа и за Глобалната Студија на случај.

Наградата за победничкиот тим во Македонија ќе ја додели амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Бранко Раковец.