Дводневен Министерски состанок на ОБСЕ во Белград

Во Белград почнува дводневен Министерски состанок на ОБСЕ, за време на кој во главниот град на Србија ќе се соберат повеќе од 40 министри за надворешни работи, меѓу кои и шефовите на дипломатијата на САД, Русија и ЕУ, како и генералниот секретар на Советот на Европа.

На 22. состанок на Советот на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), главна тема е соработката на земјите во борбата против тероризмот.

Во рамки на состанокот се очекува американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да имаат билатерална средба во Белград.

Тие се сместени во хотелот „Хајат“, каде се сместени и турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чаушоглу и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека како актуелен претседавач на ОБСЕ Србија добила мошне големо искуство.

Тој нагласи дека прв пат во поновата историја една земја од Западен Балкан, која беше предмет на набљудување на ОБСЕ, сега е нејзин претседавач.

Дачиќ нагласи дека Србија покажала дека е сериозен играч, кој може да претседава со голема и сложена организација како ОБСЕ и тоа во период, кога таа беше соочена со остри проблеми како ситуацијата во Украина, а потоа со мигрантската криза и тероризмот.

Соборувањето на турскиот „Сухој“ тема на состанокот

На состанокот…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.