Двојазичност за разединување на македонската унитарност

 

Предлозите за воведување двојазичност на целата територија на Република Македонија, дури и онаму каде малцинството Албанци не се повеќе од 20 отсто, а кои јавно ги изнесе лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, а зад којшто застануваат и политичари и новинари блиски до опозицијата, се дел од планот за ставање крај на македонската сувереност и национална и државна независност, вели доцент Иванка Додовска од Правниот факултет.

Додовска, во изјава за Нетпрес, објаснува дека стигматизирањето на мошне селективно избраните политички субјекти беше дел од сценариото со кое требаше да се отвори патот кон затворањето на еден успешен владин проект предводен од лидерот на десницата, Никола Груевски, за издигнување на националната агенда како врвен приоритет во внатрешната и надворешната политичка агенда на Владата.

Таа вели токму ова стана камен на којшто се сопнаа извесни надворешни фактори кои проценија дека не е возможно повеќе да толерираат самостојност и интегритет во водењето на национал-политичката агенда во Македонија.

Сето ова не претставува ништо ново, ако го погледнеме од аспект на историската перцепција. Од тие причини, воопшто не ме чуди што од маргините на политичкото битисување беше селектиран лидерот на левицата Зоран Заев, кому му припадна задачата да биде генераторот на политичката криза со која требаше да биде означен почетокот на крајот на македонската сувереност и национална и државна независност. Овде сакам да потенцирам дека секој кој и за миг помислил дека сето ова беше некаква борба за институционална или друга слобода, бил во голема заблуда, бидејќи почитувани, тука имаме работа со нешто што потекнува од сосема поинаква природа. Да поедноставам, без задршка, целава оваа „шарена парада“ сочинета од мноштво на изгубени души и бездушни душегрижници беше дел од сценариото кое го обзнани Зоран Заев и кое има за цел да го отвори патот на разединувањето на македонската унитарност. Токму тука и лежи одговорот на вашето прашање во врска со тоа какво е влијанието на изјавата на Заев за воведување на двојазичност на ниво на целата територија на Република Македонија, вели Додовска.

Целта е, вели Додовска, преку Заев да и’ се нанесе што е возможно поголема штета на македонската државност.

Ние, барем повеќето од нас, мошне добро се сеќаваме дека конфликтот од 2001 година исто така беше дело на надворешниот фактор. Тогаш политиката стана подоминанта и ја замолчи фактичката состојба. Денес, ова е лоша реприза на она што веќе го преживеавме. Сега имаме работа со би рекла, лошо одигран спин, преку кој пропаднатата опозиција предводена од двоецот Заев-Шеќеринска, се обидува да се откупи пред своите наредбодавачи кои фрлија во ветер многу пари за ништо. Овој потег со кој би требало да се активира албанското малцинство во Република Македонија е само уште еден доказ дека опозицијата е длабоко заглавена во валкани сценарија и дека на истата и е неопходно потребна комплетна реорганизација, доколку сериозно сакаат да претставуваат лева опција во македонскиот општествено-политички простор, вели Додовска.

Заев пред две недели во интервју рече дека никој не треба да има нешто против доколку на Албанците им се дозволи да се обраќаат до институциите и на албански јазик и во местата каде што тие не се застапени со повеќе од 20 отсто.

dvojazicnost Zoran zaev

Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата?, рече Заев во емисијата на Јовановски на неговиот портал.

Оваа идеја на Заев вчера ја поддржа токму и Борјан Јовановски, новинарот кој го водеше интервјуто со лидерот на СДСМ кога го изнесе предлогот за двојазичност.

Значи, ова што го велите како однос, како почит, значи, репсект кон другиот, кон некој со кој делиш општеството во кое живееш, заедно со векови сте тука. Во тоа смисла апсолутно ја подржувам интенцијата, да на пример, како Албанец било каде, кога ќе се обратите во институција во Валандово, можете да добиете на албански или да се обратите на албански. Е сега, тој што работи таму незнае албански, така !?  Во еден процес во подолго време тоа неможеш да го произведеш просто преку ноќ, али за почеток треба да не е проблем ако има двајца Албанци во Валандово, ако побараат на албански све што им треба да го добиваат на албански, рече Јовановски.

Според експертите, ваквите предлози ја рушат унитарноста на државата, која е уставно загарантирана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.