Двојазичноста во Македонија веќе од август!?

Законот за употреба на јазиците, чиј нацрт како основа за владина коалиција го договорија СДСМ и ДУИ, треба да биде изгласан во Собранието најдоцна до август годинава. Ова го открива Патоказот за реализација на Итните реформски приоритети кој што Владата го усвои пред два дена, а кој го објави ТВ21.

Телевизијата повикувајќи се на свои извори објавува дека еврокомесарот Јоханес Хан кој имаше средби со политичките лидери во понеделникот не успеал да ги убеди претставниците на албанските партии да го пролонгираат поставениот рок за изгласувње на Законот.

Телевизијата објавува дека Хан ги прашал лидерите на албанскте паретии за можноста за пролонгирање на измените во Законот за употреба на јазиците, но тие биле категорични, дека измените во Законот мора да се изгласаат во предвидениот рок.

На договорање на деталите околу измените на Законот познат како закон за албански јазик СДСМ и ДУИ посветија најголем дел од преговорите за коалицијата. По неколкунеделни преговори усогласија нацрт верзија што беше услов пратениците од ДУИ да ги дадат потписите за лидерот на СДСМ Зоран Заев да добие мандат за состав на Влада.

Носењето на законските измени денеска го најави и вицепремиерот Бујар
Османи во Собранието. Тој истакна дека со изгласувњето на овој закон сисе завршува нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор.

Инаку, точната содржина на предлог законот не е позната во јавноста. Во текот на собраниските дебати пратениците на ВМРО ДПМНЕ бараа одговори од Заев што договорил со Али Ахмети и изразија сомневње дека законските измени ќе значат двојазичност на целата територија на Македонија спротивно на Уставот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.