Се поставува двојна ограда на јужната граница

Се поставува двојна ограда на јужната граница. Македонија поставува уште една ограда за да ги спречи економските мигранти кои стануваат се подрски во обидите да преминат на наша територија. Се очекува да се зголеми хаосот, по новите случувања во Сирија, објави телевизија „Алфа“.

На каменот 59 и долж граничниот појас се поставува двојна ограда. Новата ограда се поставува на само неколку метри од претходната,  а просторот меѓу оградите наликува на тунел кој би бил уште една пречка во преминувањето  на илегалните мигранти.

Откако почнаа да се појавуваат дупките во мрежата што илегалците ги правеа сечејки ја оградата, денес покрај обновувањето на старата ограда се поставува уште една иста со што ќе биде оспорен процесот на илегално преминување.

Механизацијата на АРМ е повторно активна, па покрај обезбедувањето на границата забрзано се работи и на поставување двојна мрежа.

Инаку од 19-ти ноември македонските власти почнаа да ги филтрираат бегалците од економските мигранти. Во моментов се пропуштаат само оние коишто доаѓаат од земјите коишто се зафатени со војни, како Сирија и Ирак.