Двојно помала улица за двојно повеќе пари

Пред неколку дена Андреј Жерновски ја отвори така наречената “Боемска улица” на веќе постоечката Ѓорѓи Пешков. Според официјалното соопштение на општина Центар,  улицата има 2000 метри квадратни. За уредување на улицата потрошени се 460.000 евра или над 28 милиони денари од страна на Центар. Жерновски приложи неточна квадратура и огромна сума на потрошени пари, што отвори простор за сомнеж дека нешто сака да се сокрие, пишува Курир.

katasteeer

Според скопскиот катастар каде што може да се најде имотниот лист за парцелата со број 5430/2, јасно се гледа дека улицата се протега на површина од 1.177 метри квадратни, што е скоро за половина помалку од она што го соопштија од општината.

– Поставената коцка по улицата не е нова, туку е искористена од досегашните улици од каде што е извадена. Старата калдрма што е поставена е со цел уличката колку што е можно повеќе да потсетува на боемска улица,  истакна градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски за уредувањето на Боемската Улица.

vvvvapcarooovvv

За споредба, претходникот на Жерновски, Владимир Тодоровиќ, ја реконструираше улицата Никола Вапцаров, која се протега од улицата Димитрије Чуповски до Плоштад Македонија која е долга 150 метри, широка 10.5 метри и се простира на површина од приближно 1800 метри квадратни. Инвестицијата за реконструкција на улицата изнесуваше околу 11,5 милиони денари или 185.000 евра.

Ако се споредат двете улици во однос на површината и уредувањето, ќе се забележи дека за далеку помалку пари и на поголема улица беше направено многу повеќе.

Улицата Никола Вапцаров која беше Освен кај граѓаните на Центар, по овој потег се јави револт и кај одредени новинари, но и голем број на граѓани од Скопје, корисници на социјалните мрежи.

Андреј Жерновски за помала улица со стари плочи исплатил дури 275.000 евра повеќе отколку претходниот градоначалник за реконструкцијата на улицата Никола Вапцаров.

bbboemska-ulicaa

Освен кај граѓаните на Центар, по овој потег се јави револт и кај одредени новинари, но и голем број на граѓани од Скопје, корисници на социјалните мрежи.

Тие го прашуваат Жерновски: На што беа потрошени толку многу пари?

Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци, на Фејсбук профилот го искажа својот став и вели дека градоначалникот им должи одговор на граѓаните.

-Андреј Жерновски, како единствен претставник во локалната власт од опозицијата, како истурен лик од рекламите за чесност, домаќинско работење, некрадење и причам ти причу, на гласачите им должи низа одговори за недоследностите во сума од која боли-глава , исплатена за непостоечка површина во катастарски документи, напиша таа.

Оттука произлегува прашањето дали Андреј Жерновски се обидува да сокрие нешто од јавноста, бидејќи наплатил двојно повеќе за помала улица со помала квадратура за разлика од неговиот претходник, притоа не приложувајќи ги фирмите кои го добиле тендерот за уредување на оваа уличка.

поплочена со нови плочи, беше поставено ново осветлување и хортикултурно уредување. „Боемската улица“ е поплочена со стари плочи од други улици. Сепак, првата чини двојно помалку од онаа на Жерновски.

Андреј Жерновски за помала улица со стари плочи исплатил дури 275.000 евра повеќе отколку претходниот градоначалник за реконструкцијата на улицата Никола Вапцаров.