Двојно убиство и самоубиство во Албанија

Двојно убиство и самоубиство во селото Бобоштица, во близина на Корча.

Педесетгодишниот Едмонд Фиќи со 15 истрели од автоматска пушка ги усмртил сопругата Албина(40)  и едногодишниот син, додека спиеле, по што пред влезната врата на куќата си пресудил самиот.

Според досегашната истрага, причина за трагедијата било татковското на детето. Имено, Едмонд, кој четири години живеел и работел во Грција и воошто не дошол дома, деновиве се вратил и сопругата ја затекнал со дете, по што почнале меѓусебните расправии, кои завршиле со масакрот извршен синоќа.

Едмонд ќе биде погребан во родното место, а неговата сопруга и детето во Драч, од каде била Албина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.