Двојно убиство во центарот на Париз

Маж и жена се убиени во еден бар во центарот на Париз доцна синоќа, а нивниот убиец по пукањето се дал во бегство, соопшти полицијата.

Француската полиција отвори истрага, но идендитетот на жртвите и мотивите за убиство засега не се соопштени.

„Сите претпоставки се отворени“, рекол извор близок на истрагата.