Двојно зголемен бројот на доктори на науки

Звањето доктор на науки во текот на минатата година го стекнале 219 лица, што е зголемување за 50 отсто, во споредба со 2012-та година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, и тоа 52,1, потоа на техничко – технолошките науки, со 14,2 отсто.

Потоа следат медицинските науки со 11,9 отсто, а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно – математичките и биотехничките науки.

Бројот на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2013 година изнесува 119 кандидати што претставува 54,3 отсто од вкупниот број на лица кои докторирале во текот на минатата година.

Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, или 55,7 отсто, својата професија ја вршат во образовната дејност.