Двојно зголемен бројот на предвреме родени бебиња во земјава

Бројот на предвреме родени бебиња во земјава е зголемен за 50 отсто, во споредба со минатата година. Како најголеми ризик фактори за оваа појава се инфекцијата кај мајката, возраста на мајката, структурни аномаии, хормонски нарушувања , неквалитетни утеруси . Овие фактори не влијаат неповолно само за предвремо раѓање, туку предизвикуваат и болести кај новороденчињата кои подоцна мора да се лекуваат .
Во моментот  на Одделот за неонатологија има околу 16 предвреме родени деца.  Три од нив се со родилна тежина под 1.000 грама, најмалото бебе е родено во 26-та гестациска недела.

„Од нешето искуство многу е важно да се даде позитивна енергија на овие мајки. Над 50 отсто од овие новороденчиња се целосно здрави, без последици, бидејќи клиниката компелтно ги евалуира во однос на нивото понатамошно невроразвојно следење. Во делот на доцнење на нивниот психомоторен развој имаме 20 до 30 отсто, но оставаме до третата година овие дечиња да фатат чекор со нивните врсници. Актуени се темите кои во себе вклучуваат различни форми на аутистички  форми, но ние тимски ги следиме овие деца.  Надежта кај ова група на деца за натпросечна интелегенциај е огрома , но не смее да се исклучат и другите  30 отсто, кај кои може да се јават проблеми со одењето, со видот, но тие се минорни работи кои може да се решат“, вели директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова.

Сепак, и покрај зголемениот број предвреме родени деца кај нас, многу малку од нив понатаму имаат оштетени бели дробови.

Генерално, појавата на предвреме родени деца е светски тренд, како последица на современиот начин на живот, поместувањена старосната граница на мајките како и процесот на ин витро породување кои често резутира со близначка бременост, што исто така претставува ризик фактор за новорденчињата.

Како што истакна Софијанова, се’ повеќе деца кај нас се раѓаат од 24 до 28 гестациска недела или кон крајот на шестиот  месец.

„Со овој предизвик секојдневно се соочуваат вработените на Одделот за интензивна нега и терапија на Детската клиника . Во 2013 месечно во просек  се згрижуваа 3-4 предвреме родени деца,  а годинава 6-7 новородени бебиња се со ваква проблематика. Од нив 5 отсот се бебиња родени од 32 до 37 гестациска недела , 25 отсто се родени во  28 до 32 гестациска недела , 20 отсот се родени од 26 до 28 гестациска недела , 8 отсто се од 24 до 26 гестациска недела   и 2 отсто се родени од 23 до 26 гестациска недела“, вели Софијанова.

Таа напомена дека е поребно е добро гинеколошко акушерско водење на оваа група трудници за спречување на предвременото раѓање.

Своето искуство, како мајка на предвремеродено дете, го сподеи и познатата пеачката Искра Трпева

„Ангела е родена во осмиот месец. Имав голема поддршка од тимот на интензивна нега, но  и психолошката поддрша од  доктор Софијанова  што е битно за една мајка во вакви моменти. Можеби гледам субјективно, но интензивна нега е лидер и носител на целата Детска клиника, а има и зошто. Имав искуство со прекрасни луѓе кои помогнаа Ангела, која сега има три години и пет месеци да израсне во зрела личност“, истакна Трпева.

iskra