Двојно зголемен бројот на прислушкувани разговори во Белгија

Бројот на прислушкувани разговори во Белгија двојно се зголемил во последните седум години, објавуваат локалните медиуми.

Станува збор за разговори кои биле прислушкувани со судска дозвола.

Минатата година секој месец биле издавани по 600 такви одобрувања. Вкупниот број на контролираните телефони во 2014 година изнесувал 7.200, додека во 2007 година оваа мерка била преземена врз 3.603 граѓани.

Случаите на прислушување постојано се зголемуваат и главно се поврзани со активностите на осомничени терористи и исламисти. И трошоците за оваа дејност се зголемуваат, од 12,9 милиони евра во 2011 година достигнале 15 милиони евра минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.