Двојно зголемен криминалот направен од мигрантите во Германија во 2015

Властите во Германија во 2015 година забележале зголемување од 80 % на криминалот направен од мигранти во однос на 2014 година, објави весникот „Билд“ повикувајќи се на доверливиот извештај подготвен од германската Федерална криминалистичка полиција.
Ако бројката од 208, 344 кривични дела  и прекршоци за кои се тврди дека се сторени од мигранти се поделат на нивниот број тогаш излегува дека секој ден тие сториле по 570 криминални дела дневно или 23 секој час меѓу Јануари и Декември миннатата година.
Според извештајот до кој дошол „Билд“ реалниот кримминал е поголем и од оваа фасцинантна бројка затоа што во неа не се содржавни делата кои што сеуште не се расчистени.   Според Германската државна канцеларија за статистика само половина од делата сторени во земјата имаат правна завршница а информациите се добиени од само 13 ид вкупно 16 германски федерални единници.
Според извештајот на врвот на листата на земји од каде што доаѓаат криминалци е Сирија (24 %) по што следуваат Албанија (17%) , Косово (14 %) и Србија и Авганистан до по 11 %. Македонија е во групата земји со по 4 % кривични дела сторени од нејзини државјани кои што побарале азил во Германија.
Најголем дел од криминалните дела се поврзани со кражби, фалсификати, прекршување на законот во имотно правни односи. Околу 36 илјади мигранти биле инволвирани во напади, тепачки и кражби а 28 илјади биле фатени без карти во јавниот превоз. Минатата година се забележани 1,688 сексуални напади од страна на мигранти врз жени и деца вклучително и 458 силувања.
Мигрантите биле инволвирани во 240 обиди за убиство при што се убиени 28 лица , од нив 27 исто така се мигранти и еден е Германец.
Според извештајот минатата година 266 лица се осомничени за членување во џихадистички организации од кои 80 веќе докажале дека не се џихадисти а останатите сеуште се истражуваат.  Инфилтрацијата на радикални исламисти во земјата според извештајот е „растечки тренд“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.