Двојното убиство во Бугарија било нарачано?!

Нарачано убиство е првичната верзија за двојното убиство кое вчера вечер ја потресе Бугарија. Митко и Наталија Дамјанови беа убиени синоќа пред зградата во која живееле 20 години.

Телата на убиените ги открил случаен минувач и пријавил во полиција синоќа околу 20:30 часот.

Според неофицијални информации во двајцата сопружници е пукано од пиштол и на место на инцидентот се пронајдени осум куршуми. Според првичните информации на полицијата станува збор за убиство по нарачка, пренесува бугарското Дарик радио.

stanot-damjanovi500

Името на Митко Дамјанов е сврзано и со десетици незадоволни граѓани, кои тврдат дека бизнисменот земал пари од нив ветувајќи им изградба на канцеларии, но не го исполнил дадениот збор. Против Дамјанов била покренатна прекршочна постапка, но од полицијата прoцениле дека нема доволно докази за умислена измама

Освен со градежен бизнис, убиениот бизнисмен се занимавал и со трговија на прехранбени производи и извезувал продукти во Грција.