Дволични СДСМ-овски ставови за македонското судство

Најтешко време за доаѓање на власт, а уште потешко да се остане таму се согласуваат многумина, е 21 век кога секој има право и можност да каже што мисли и секој граѓанин има различни начини да ја провери конзистентноста на ставовите искажани од политички партии и политичари. Затоа ова модерно доба каде што секој елементарно писмен граѓанин може преку својот или преку туѓ компјутер да провери кој лаже, кој ги менува ставовите согласно дневната политика а кој има стабилни политички ставови, не е најдобро за македонската опозиција.

Денеска повторно се случува истото , преку „органот на раководството“ на СДСМ весникот „Слободен печат“ се прави истата грешка. Во исто време се обвинува за корупција во судството и се напаѓа акцијата во која што беа приведени 25 вработени во судот за прекршоци во Скопје. А судиите, според министерката за внатрешни работи чии наводи ќе мора да се докажат на суд, биле длабоко забраздени во корупција.

Еден од примерите каде што најдобро може да се види каква вербална и менталнна конфузија има во редовите на СДСМ е судскиот систем каде што тие за десетина години направија такви осцилации во ставовите што не може да се мери ни со нанотехнологијата која е една од најбрзо менливите глобални индустрии.

Судството за СДСМ е корумпирано, а кога се расчистува корупцијата тоа е калкулирање

Љубомир Фрчковски во свосјтво на претседател на дипломатскиот совет на СДСМ ќе напише „најотровна деструкција од корупција ја трпи независното судство и поради него сета правна сигурност на граѓаните во след”. Рената Десковска од СДСМ на 24 април 2014 година повика „Судството мора да биде независно, ефикасно и непристрасно”. 6 месеци подоцна 15 судии, вкупно 25 вработени во судот за прекршоци СЕ приведени поради корупција, непочитување на законите. Сдсм наместо да излезе и да ја поздрави акцијата, преку своите гласила жестоко ја нападна. Слободен печат излезе со наслов „Уапсени судии во згоден момент”. Гласилото блиско до СДСМ Либертас со натпис “Се апсат судии за да се покријат острите критики во Извештајот на ЕУ?!”. СДСМ не излезе и не ја подржа акцијата со работен назив Јустиција, тоа за нив сега не е повеќе бообра против коруцпијата каква Фрчковски ја опиша дека постои, и против која Десковска повика Владата да се бори, туку едноставно дефокусирање.

Како „невиниот” Бучковски со судските постапки кои ги има стана тежок „морален товар”

Како функционира јавно изречениот збор и стабилноста на позициите кај „државотворна партија“ најдобро може да се види преку екс премиерот Владо Бучковски. Кога тој беше апсен за аферата „тенковски делови“ како висок претставник на СДСМ и тогашен пратеник тогаш беше прогласен за жртва на „вмровскиот реваншизам“. Подоцна кога Бучковски се откажа од партијата за која виде дека тоне и се обиде да создаде друг политички субјект СДСМ излезе со теза дека Бучковски е во договор со ВМРО – ДПМНЕ за да не замине в затвор за на крајот кога Апелација го осуди екс премиерот на две години затвор и беа побиени сите тези на опозицијата таа реши да молчи, што им е еден од најдобрите политички чекори во последно време.

Во 2007 година кога Владо Бучковски требаше да биде сослушан во основниот суд, пратениците на СДСМ меѓу кој беа Еско Рахиќ, Емилијан Sтанкович, Игор Ивановски Шема, Јани Макрадули предизвикаа вербален инцидент и обид физички да се пресметаат во собраниската комисија која расправеше за одземање на имунитетот на Бучковски. Шекеринска тогаш пред основниот суд изјави дека Бучковски е невин и преставува жртва на монтиран процес. Не случајно бил избран Бучковски бидејќи тој бил лидерот на СДСМ и поранешен премиер, беа аргументите на социјалдемократите. Откако Бучковски по извесен период стана гласен критизер на состојбите во СДСМ и начинот на кој актуелните челници ја водат партијата, веднаш невиниот Бучковски стана виновен и непожелен.

Весна Бендевска во 2011 година изјави дека од Бучковски наследиле „поразена партија со изгубени парламентарни и локални избори, внатрешно поделена и раскарана со тешки финансиски долгови со кривични пријави за неговото работење, за кои што судските постапки се уште се во тек и кои претставуваат тежок морален товар и бреме за секој член на СДСМ”. За критиките кои Бучковски ги упатуваше до СДСМ поради нивната пасивност и лошо менаџирање, оценките од раководството беа дека Бучковски сака да се додвори на власта и да издејствува ослободување за судскиот случај тенковски делови. Демантот на ова стигна оваа година кога поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенковски делови“ од скопска апелација.

За СДСМ Бошковски од „полицајче”, стана „политички затвореник “

Друг сличен пример кој на најпластичен начин докажува колкаво е нивото на збунетост кај Заев и другарите е лидерот на Обединети за Македонија. Кога СДСМ го апсеше кога беше на власт Љубе Бошковски беше криминалец кој направил голема штета на државната каса а паралелно беше напаѓан дека прави штета и на имиџот на државата со своето несериозно однесување. Подоцна кога Бошковски од немајкаде стана нивни политички партнер а кога беше осуден за два релативно чисти судски случаи оденднаш стана жртва на владеачката партија. Криминоген, нестабилен, скандал мајстор беа зборовите со кои првите луѓе го опишуваа Бошковски. Црвенковски тогаш кога Љубе беше министер за внатрешни изјавуваше дека државата стана полициска и дека нема никаков ред и поредок. Во неформалните разговори се прераскажуваа и зборовите на Црвенковски кои им ги соопштувал на своите соработници дека се работи за обично полицајче кое сака внимание и дека е тотално неослонлив човек. Но тоа се смени. Љубе на СДСМ му стана коалициски партнер. Тој прерасна жртва во моментите кога беше осуден за перење на пари, а таа жртва стана политички затвореник кога беше осуден за учество во нарачаното убиство на Марјан Тушевски. СДСМ тогаш преку официјално соопштение дадено еден час по пресудата оквалификува дека пресудата за Љубе Бошковски е „срамна”. Немаше читање ниту согледување на аргументите содржани во пресудата, а оценката на СДСМ беше донесена. Потоа се впуштија и во таква акција и медиумите на СДСМ. „Фокус“ излезе со натпис „власта му пакува ново убиство на Љубе Бошковски”. За СДСМ денес какви и докази да има за Бошковски тој останува невин.

Судот ги прогласи за виновни, СДСМ за невини

Многу сличен на Бошковски е и примерот со генералот Горан Стојков кого што СДСМ го држеше во затвор повеќе од 11 месеци за случајот Раштански лозја а сега, кога повторно во јасен судски случај беше осуден за шпионажа екс генералот за СДСМ кој се обидува да искористи секаква шанса да го нападне ВМРО – ДПМНЕ, стана невина жртва. Веднаш гласилото кое важи за влизок до СДСМ Слободен печат објави Диневски и Стојков се жртвуваа за Груевски да дојде на власт, а сега ќе гнијат во апсана. За Шилегов тој стана политички затвореник. А за СДСМ некогашниот спроведувач на акцијата Раштански лозја каде 6 лица биле егзикутирани и за кого инаку се докажа дека е невин, сега кога судот одлучи дека врѓшел шпијунажа веднаш стана жртв и СДСМ го прогласи за невин. Таков е и случајот со Ване Цветанов кој додека ја извршуваше функцијата Директор на агенцијата за спречување на перење на пари беше составен дел од „режимот”. Кога беше сменет и се соочи со низа обвиненија и сега кога е осуден за скандалот со шијунажа и изнуда веднаш стана дел од групата политички затвореници.

Можеби најинтересен од сите овие случаи е оној со Паско Кузман кој долго време преку медиумите блиски или под контрола на опозицијата беше вербално јавно растргнуван и етикетиран како татко на антиквизацијата а кога тој беше осуден за криминал експресно беше промовиран во жртва кој е осуден само затоа што се скарал со ВМРО – ДПМНЕ.

Неконзистентноста и тоталната конфузија во оценката на битката против корупцијата кај СДСМ може да се види во речиси секое судење во земјата. Тие постојано тврдат дека во државата владее корупција и номинално бараат акција против неа а кога таква акција ќе се спроведе и ќе добие судска разрешница тогаш најчесто таа се прогласува за политички монтиран процес и реваншизам на ВМРО –ДПМНЕ против непослушните. Такви беа случаите со апсењето на работниците на патарините, царнарниците, но и во случајот за пари за поткуп кој ги земал Дејан Ставриќ.

Видео снимката од парите за поткуп кои ги земал Дејан Ставриќ за СДСМ пу, пу неважи!

Лекарот Дејан Ставриќ беше фатен со две илјади евра обележани пари за што имаше и видео докази што ги виде целата јавност. Тогаш СДСМ наместо осуда на ваквиот случај излезе со соопштение во кое напиша „чудно е како токму синдикалниот лидер на здравствените работници од Клиничкиот центар, кој го предводеше штрајкот на лекарите е осомничен за вакво кривично дело. Станува збор за лицемерие на институциите” напиша СДСМ.

Дека СДСМ нема конзистентност може да се види и во многу други ситуации кои за жал граѓаните можат лесно да ја увидат а преку интернет и веднаш да ја проверат. Случајот на покојната Доста Димовска која што во текот на деведесеттите како еден од првите луѓе на ВМРО – ДПМНЕ беше вербално напаѓана и полициски „обработувана“ односно следена при крајот на животот стана една од најпочитуваните македонски политичари а притоа никогаш од таборот на СДСМ не и се извини за систематските лаги што за неа ги пласираше врвот на СДСМ. Голем број од луѓето што тогаш ја следеа и и ги прислушуваа телефонските разговори и сега се блиски на раководството на СДСМ или влијателни играчи на Бихаќка.

На СДСМ му пречи „Скопје 2014“, но не и кога треба да се прави скапи забави и прослави

Двојните стандарди раководството на СДСМ ги потврди и со скапата забава на Дајнерс која беше организирана во стариот театар кој исто така преставува дел од проектот Скопје 2014. Таму можеше да се види безмалку целото раководство на СДСМ. Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов. Зборовите на СДСМ упатени кон овој проект како забеган, налудничав, кич не беа репер и немаа важност кога требаше да се прославува. Но во целата оваа недоследност на СДСМ се заборава дека идејниот план на постоењето на објектите на Скопје 2014 е донесен не од ВМРО-ДПМНЕ туку од СДСМ. Оргиналниот план на Мал ринг е направен од Грчев, Коробар Влатко и Јасмина Силјаноска, усвоен токму од СДСМ кога го има мнозинството во општина Центар. Во тој период во 1997 година најпрво следуваше конкурс каде што учествуваа повеке урбанисти со свој предлог како да изгледа Малиот ринг и кои содржини да ги има. е предвидува многу повеќе објекти на местото на Македонската филхармонија, објекти кај денешен хотел „Јадран“, три нови згради на самиот плоштад, изградба на објект на локацијата каде сега се гради црквата „Св. Елена и Константин“, изградба на објект кај старата зграда на МНР и многу други.

СДСМ не може да разбере дека и членови на партии, функционери и јавни личности може да бидат апсени за криминал.

Аналитичарите ќе кажат рецидив од поранешниот систем е немањето на капцитет СДСМ да восприми и разбере дека и членови на партии може да бидат апсени и дека и високи партиски функционери доколку се погрешат према законот може да завршат зад решетки и дека не уживаат имунитет кој ги штити од криминал. Во изминатите години се покажа дека СДСМ не може да го разбере разбивањето на митот дека нема политичари кои се заштитено добро. Зад решетки или обвинителни клупи се најдоа високи функционери и на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и очигледна е пораката за кршењето на законот се одговара, независно кој е и од каде доаѓа. Тоа е и основната вредност на парвните системи вклучително и аглосаксонскиот и германскиот. Бројни се примерите каде поради криминал во затвор паднаа големи политички имиња и во светксата политика. Први од кои се откажаа од нив беа нивните поддржувачи. Тоа го покажуваат и завршниците како Вотергејт, длабоко грло, случајот со затворската казна на републиканецот Том Делеј,кој е осуден на три години затвор поради учество во перењето пари во кампањата за изборите во Тексас во 2002 година и многу други. Двојните стандарди на СДСМ со кој на кратки стази сака да издејствуваа некаква симпатија на долг рок се неисплатливи. Континуитетот кон нивното придржување покажува дека тие станале дел од нивното политичка стратегија.