Двомесечен прекин во сообраќањето на возовите на релација Скопје – Белград и обратно

Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград – Скопје и обратно, од утре (18 април) до 18 јуни 2016 нема да сообраќаат, соопшти Македонски железници Транспорт а.д. Скопје. 

Двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување градежни работи на железничката линија на територијата на железницата на Србија, на делницата Ниш – Прешево – државна граница на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.