Џабе изгледа добро, мажите откриваат кои жени им се најпривлечни

Љубовните врски се многу комплицирани и бараат непрестана работа на двата партнера. Но, како да знаете дека сте запознале некој кој вреди да вложувате труд и време? Пет „обични“ мажи откриваат што всушност тие очекуваат од жената со која планираат да започнат сериозна врска.

1. Таа експериментира

„Сакам некоја која е подготвена да испроба нови работи. Жените кои се држат до своите зацртани навики и одбиваат да испробаат нешто ново, на пример ново јадење во текот на состанокот, се навистина досадни. Еден од најдобрите делови на врската е заедничкото уживање во нови искуства“, вели 35 годишниот Велибор.

2. Таа ве бодри

„Се изненадив кога ја запознав својата сегашна сопруга. Во животот ми недостигаше „навивачка“. Некој кој ќе ми каже дека се ќе биде добро кога имам проблеми на работа и некој кој јавно ќе ме поддржи на семејните собири“, вели 27 годишниот Иван.

par-na-jesenjoj-kisi-1411987620-48834

3. Има самодоверба

„Самодоверба. Ако нема самодоверба, тогаш таа не е материјал за сериозна врска, за мене. Не само што е секси кога жената е свесна за нејзината вредност, туку е исклучиво непривлечно кога треба да потошиш часови за некоја жена да ја убедиш дека е вредна за твојот труд. Порано или подоцна ќе започнеш да се прашуваш дали тоа има некаква смисла“, вели Марко (30)

4. Слатка е

„Кога жената може доволно да се опушти и да ја покаже својата мила и слатка страна, тогаш знам дека сум ја запознал потенцијалната девојка. Сакам некој кој нема да се срами да ми го покаже вистинското лице. Мислам дека во својата поранешна девојка се зањубив кога на една журка почна да ја потпевнува Хакуна Матата од цртаниот филм Кралот лав“, вели 23 годишниот Стефан.

vecera-u-restoranu-1425545859-55358

5. Авантурист е во кревет

„Не надевам дека ова нема да ме окарактеризира како кретен, но јас сакам девојка која е авантуристка во кревет. Не очекувам од неа да ја исполнува секоја моја желба, но не сакам секоја вечер да имам идентичен секс. Сакам жена која ќе ги изрази своите желби во кревет и која знае да им се препушти на задоволството и што е најдобро да знае да ужива“, вели Алекс (37).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.