Џафери ги распиша локалните избори, бара почитување на законите

Претседателот на Собранието Талат Џафери, како што беше најавено претходно, точно напладне во неделата го потпиша решението за распишување на локалните избори кои според тоа ќе се одржат на 15 октомври годинава.

Џафери апелира до сите учесници, пред и за време на изборите, да се однесуваат во согласност со Уставот и законските одредби, а институциите да обезбедат изборите да протечат во мирна, фер и демократска атмосфера како што заслужуваат граѓаните.

„Ги распишав изборите согласно законската обврска и согласно роковите предвидени од Изборниот законик. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат во недела на 15 октомври 2017. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до органот за спроведување на изборите Државната изборна комисија. Собранието за време на предизборниот период ќе работи, но нема да има пленарни седници за пратениците да можат да се посветат целосно на изборната кампања но и за да не ги претворат седниците во изборна кампања“, рече Џафери по потпишувањето на решението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.