Џафери и Груби во тридневна посета на Брисел

Заменик претседателот на Република Македонија, Муса Џафери и пратеникот на Демократската Унија за Интеграција во Собранието на Република Македонија,  Артан Груби ќе престојуваат на тридневна посета на Брисел.
Џафери и Груби ќе остварат средби со Европарламентарците, г-дин Иво Вајгл и Едуард Кукан, претставници од Комисијата за проширување и соседство, г-дин Ален Ле Роа, Генералниот секретар на Европската служба за надворешна политика, г-дин Луис Фелипе Фернандо Де Ла Пена и г-ѓа Ана Vezyroglou од кабинетот на г-ѓа Могерини и други претставници од институциите на Европската Унија.
Двајцата високи финкционери од Демократската Унија за Интеграција исто така ќе го посетат и седиштето на НАТО во Брисел. Во сите овие средби, Џафери и Груби ќе ги презентираат ставовите на ДУИ од последните случувања во Македонија како и нашите напори да се овозможи враќање на земјата кон приоритетната агенда, Евро-атлантската интеграција на Македонија.