Џафери, Лика, Османи и Филипче во Приштина по повод 10 години независност на Косово

По повод одбележувањето десет години од прогласување на независноста на Косово, државна делегација на Република Македонија што ја сочинуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче, синоќа присуствуваa на свечената седница во Собранието во Приштина, како и на свечен прием во организација на косовскиот претседател Хашим Тачи, соопшти владината прес-служба.

– Владата на Република Македонија им го честита јубилејот на нашите соседи и им посакува развој, просперитет и успех во градење на добрососедски односи, кои ќе придонесат кон интеграција во ЕУ на целиот регион, стои во соопштението од владината прес-служба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.