недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 41

Џафери се сретна со конгресменот Питинџер

Џафери информирал притоа дека Република Македонија, во тесна соработка со САД, ЕУ и НАТО, е во процес на изготвување на Стратегија за сајбер-одбрана,

talat pitinger

Поврзани вести

Во рамките на учеството на сорбанискиот спикер Талат Џафери на Меѓународниот безбедносен форум во Рига, во понеделникот се сретна со Роберт Питинџер, американски конгресмен и претседател на Конгресната работна група за тероризам и неконвенционално војување и иницијатор на овој форум.

На средбата, како што информира службата за односи со јавноста на кабинетот на Џафери, биле разменети видувања за прашања поврзани со безедноста во регионот, борбата против тероризмот и сајбер-криминалот, како и потребата од стратегија на сајбер-одбрана.

Џафери информирал притоа дека Република Македонија, во тесна соработка со САД, ЕУ и НАТО, е во процес на изготвување на Стратегија за сајбер-одбрана, со која ќе се зајакнат капацитетите на државната безбедност. Џафери, исто така, ја истакна подготвеноста на Собранието да биде домаќин на парламентарниот безбедносен форум во наредните години, со што ќе се овозможи на парламентарците, претставниците на владите и експертите од областа да разменат поблиски искуства во доменот на овие безбедносни предизвици.

Соговорниците споделиле заемни уверувања дека билатералната соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Конгресот на САД и натаму ќе се одвива на пријателски и конструктивен начин. Во овој контекст беше реафирмирана поддршката на САД на Република Македонија на планот на интеграцијата во НАТО.

Најчитани вести