Џафери во посета на САД на разузнавачки форум

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од понеделникот престојува во работна посета во САД, каде на покана на конгресменот Дејвид Питинџер, ќе учествува на 10-от парламентарен безбедносен разузнавачки форум, што ќе се одржи на 7-ми декември во Вашингтон.

Покрај учеството на Форумот предвидени се и средби со повеќе конгресмени и претставници од Стејт Департментот, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.